saraistekrstevanje2

И годинава ќе има групно крштевање на Сараиште

Охрид, 19. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година, денес, на празникот Водици, на Сараиште ќе има групно крштевање на верниците.

Настанот е закажан за 12:00 часот.

Овој чин веќе прерасна во традиција и радува интересот кај верниците, кој секоја година се зголемува.
Освен од Охрид, на овој чин изминативе години учествуваа верници и од други градови од земјава.

Инаку, групното крштевање во осветените езерски води започна во 2011 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива