grupnokrstevanje3

По осми пат групно крштевање во Охрид

Охрид, 19. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, по осми пат во месноста Сараиште беше извршено групно крштевање.

Петмина православни верници ја примија светата вера, а црковниот обред го изврши отец Љупчо Симиџиоски кој потсети зошто е важно верниците да бидат крстени.

grupnokrstevanje2

– Во стариот завет важело обрезанието, а со доаѓањето на Господ Исус Христос кога се исполнува тој домострој божји, кога доаѓа и во видливо тело Спасителот за да ни го објави невиливиот бог, кога потполно се јавува Света Троица, Спасителот наш, Господ Исус Христос се крштева во Јордан од раката на Свети Јован Крстител. Оттогаш самото обрезание е заменето со свето крштение, и еве повеќе 2 илјади години, за нас христијаните важи, а и спасоносно е самото крштевање, објаснува отец Симиџиоски.

grupnokrstevanje

Според него, влегувањето во водата при самото крштевање симболизира да се умре за гревот. А вадењето од вода, како што појаснува, означува да се живее за Христос.

На светиот чин беше потенцирано дека оние граѓани, кои се покрстија денес, во нивниот досегашен живот се труделе да живеат христијански живот, а имале тежина во срцата и душите како некрстени личности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес