ohridoblacno2

Во Охрид денес облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 5. степени

Охрид, 21. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде облачно, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег.

Повеќе врнежи ќе има во западните делови. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Максималната температура ќе се искачи до 5. степени.

– И денес ќе преовладува облачно време, околу пладне и попладне со врнежи од дожд, а на планините со снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови (локално околу 25 л/м2 воден талог). Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот во недела врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно и во пониските места во крајните северни и источни делови од земјава. На планините во северозападните делови висината на снежната покривка ќе се зголеми, а на повисоките места ќе се формира помала снежна покривка. Во понеделник наутро се` уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес