ZNM

ЗНМ: Новинарите во Македонија работат во небезбедни услови

Скопје, 22. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Новинарите работат во небезбедни услови. Ова е заклучокот од извештајот на Здружението на новинарите на Македонија за состојбата на медиумите и безбедноста на новинарите во земјава.

Во извештајот се регистрирани 18 напади врз новинари во текот на минатата година, од кои 13 биле физички напади.Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, 90% од овие напади биле извршени од партијата која во тоа време беше на власт.

ЗНМ исто така во извештајот наведува дека во 2017 година новинарите се соочиле и со економски лоши услови, мали и нередовни плати и имале притисоци од некои од сопствениците на медиуми за да влијаат на начинот како да пишуваат со цел да се штитат големите рекламирачи во медиумите. (Крај)

извор: Алсат фото: архива