ribarirobert

„Рибари“ спроведоа хуманитарна акција за помош на Роберт Николоски

Охрид, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на навивачката група „Рибари“ деновиве спроведоа хуманитарна акција во рамките на која беа собрани 7.000 денари за помош на нашиот сограѓанин Роберт Николоски.

Тие испратија голема благодарност до сите хумани луѓе за нивните донации, и ги повикаа сите кои се во можност физички да помогнат за расчистување и обнова на неговата опожарена куќа, која се наоѓа на улицата „Ристо Чадо“ број 182.

Охриѓани се мобилизираа за помош на Роберт, а помош најавија и од локалната самоуправа. Во меѓувреме, додека се комплетира санацијата на неговата куќа, Општина Охрид обезбеди сместување на него во хотелот „Нова Ривиера“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Рибари