Избор Локална самоуправа Охрид

Прогласување на чинарите и кочеџикот во Охрид за споменици на природата пред советниците

Охрид, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Предлог-одлуката за предлагање за прогласување на чинарите во поширокото градско подрачје во Општина Охрид и кочеџикот во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта во категорија – споменик на природата во понеделник ќе се најде пред советниците.

Колку за потсетување, во месец септември минатата година стариот Чинар на плоштадот „Чинар“ со амин на советниците беше прогласен за „споменик на природата“. Тогаш беше најавено дека иста постапка ќе има и за другите чинари во Охрид, но поради различниот капацитет, старост, како и различното значење за градот, не беа ставени во ист пакет со вековитото дрво на плоштадот „Чинар“.

Градските избраници ќе се произнесат и околу предлог – програмата за поставување и утврдување на висината на надоместокот за урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за оваа година.

На дневен ред се и предлог одлуките за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, формирање штаб за заштита и спасување, за одобрување финансиски средства за материјално-финансиска поддршка на спортски клубови на подрачјето на општина Охрид за 2018 година, а предвидено е да се разгледуваат и предлог одлуките за разрешување и поставување нови членови на одборите во основните, средните училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука