ohrid23041

„Телеграф“: Охрид е меѓу 30-те најубави градови во Европа

Лондон, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот весник „Телеграф“ објави статија на јапонското здружение на Агенцијата за патувања ЈАТА за најубавите градови во Европа. На објавениот список меѓу 30 најубави градови, се наоѓа и Охрид.

– Овој македонски град е сместен на крајбрежјето на езерото кое го носи истото име и е еден од единствените меѓу 28-те градови кои УНЕСКО ги има квалификувано и на културната листа и на листата на природни богатства, се вели во описот за Охрид, за кој се вели дека е познат и по едно од најстарите живеалишта во Европа.

На списокот на „Телеграф“ се наоѓа и албанскиот град Берат, а има и два италијански града, заедно со прекрасни дестинации во Франција, Германија, Швајцарија и други земји. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива