toseproeski1

Во април промоција на четвртиот албум со песни од Тоше Проески

Крушево, 28. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на фондацијата „Тоше Проески“ најавија дека е завршен неговиот четврти постхумен албум насловен „Secret place“.

На албумот ќе има 10 песни, кои се испеани на англиски јазик.

– Се подготвуваат и три видеозаписи за три песни од самиот албум. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Исто така во согласност со Министерството за култура е планиран и голем концерт на кој ќе биде промовиран овој носач на звук. Албумот е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Очекуваме концертот да се одржи кон крајот на април или почетокот на мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Во англиската верзија на албумот една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристевски, што тој му ја посвети на својот вујко, за која исто така ќе биде снимен видеозапис – најави Андреј Николовски, претседател на фондација „Тоше Проески“ на манифестацијата што се одржа во Крушево, по повод одбележувањето на 37-от роденден на балканската музичка ѕвезда. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива