muzej-voda_640x360

Бесплатна посета на природно-научна поставка во Музејот во Струга

Струга, 2. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – НУ Музеј д-р Никола Незлобински денеска организира бесплатна посета на природно – научната поставка и на тој начин  го одбележува 2-ри февруари – Светскиот ден на водните живеалишта.

Светскиот ден на водните живеалишта се одбележува секоја година на 2-ри февруари. Овој ден го означува датумот на усвојување на конвенцијата за мочуришта на 2-ри  февруари 1971 година во градот Рамсар, на бреговите на Каспиското море.

Од 1997 година Секретаријатот на Рамсар обезбеди теренски материјали за да помогне да се подигне јавната свест за важноста и вредностa на мочуриштата и другите водни живеалишта.

извор: Strugaonline фото: архива