poplavijanuari1

Јавните претпријатија на терен, се санираат последиците од невремето (Фото)

Охрид, 4. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кризниот штаб и Јавните претпријатија на Општина Охрид викендов се постојано на терен и се санираат последиците од невремето кое го погоди регионот.

poplavijanuari2 poplavijanuari3Екипите го чистат коритото на Коселска река на потегот кој е блокиран од ѓубре и дрвја. Се работи на санирање на овој дел и на делумно проширување за да се овозможи нормален проток на водата.

poplavijanuari4Екипи на МЈП „Проаква“ се на терен на потегот на Булевар „Железничка“ каде исто така се санираат настанатите штети од поплавите предизвикани од обилните врнежи на дожд, кои според последните мерења се искачија до над 13 литри на м2.

sanacijadrvosvsofijapozarkukasanacija1Екипите на Јавните локални претријатија вчера ги санираа и оштетувањата од паднатото дрво кај црквата Св. Софија, а претходно помогнаа и при случајот со двете опожарени куќи во Месокастро. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид