kazinorulet

Кривична за лице кое протиправно организирало игри на среќа во Делогожда

Струга, 4. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 30-годишниот А.А. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „приредување на игри на среќа без лиценца од надлежен орган“.

– Истиот, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за игри на среќа, во објект во селото Делогожда протиправно организирал игри на среќа. На 27-ми декември минатата година по изготвен план од страна на криминалистичката полиција и инспектори од УЈП, извршени се контроли во објекти во кои се приредуваат игри на среќа и затекнат е пријавениот како приредува игри на среќа без да  поседува потребни документи и лиценца, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива