zoi-1200x5451

Јужна Кореја ќе забрани влез на 36 000 странци пред почетокот на Олимпијадата

Пјонгчанг, 5. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јужна Кореја од безбедносни причини ќе забрани влез за 36.000 странци за време на Зимските олимписки игри.

Разузнавачката агенција на Јужна Кореја соработува со странски разузнавачки служби со цел подобрување на проверка на идентитетот на странските државјани, согласно антитерористичкиот план за Олимпијадата, пишуваат јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на неименуван пратеник.

Зимските олимписки игри во јужнокорејскиот град Пјонгчанг ќе се одржат од 9 до 25 февруари, а ќе учествуваат околу 3.000 спортисти од 92 земји. (Крај)

извор: МИА фото: архива