turisticki_vodic_640x360

Измените на законот за туристичка и угостителска дејност пред охридските агенции, водичи и придружници

Охрид, 6. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските туристички агенции, водичи и придружници ќе се запознаат со заклучоците за предлог измените на законот за угостителска и туристичка дејност.

По одржаниот состанок од страна на работната група за изменување и дополнување на законската регулатива од областа на туризмот и угостителството беа разгледани и донесени заклучоци за предлог измени на законите за угостителска и туристичка дејност.

Ќе се разгледува и предлог измената и дополната на Законот за такса за привремен престој, а ќе бидат презентирани и предлог мерки и активности за проблемите со кои се соочува туристичкото стопанство и подобрување на условите за патување на луѓето.

Јавната расправа која ја организира Секторот за туризам и локален економски развој ќе се одржи во четврток, 8-ми февруари, во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива