kickultura365

Поетите во чест на А. ден Долард во КИЦ „Култура 365“

Охрид, 6. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во КИЦ „Култура 365“, утре со почеток во 13:00 часот ќе се одржи поетско читање во чест на холандскиот писател и голем пријател на Македонија А. ден Долард, со што ќе се одбележат 117 години од неговото раѓање.

Сите заинтересирани поети кои сакаат да се претстават со свои дела, можат да испратат три кратки песни по свој избор на адресата: itvo@t.mk.

А. ден Долард беше најголемиот промотор на Република Македонија во Кралството Холандија. Во периодот помеѓу 1931 и 1994 година тој објави бројни книги и новинарски статии коишто беа инспирирани од неговите чести престојувања во Македонија.

Посебно изразена беше неговата љубов кон Охрид каде што денес постојат споменик и спомен-собата во рамките на КИЦ „Култура 365“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива