zijadinsela

Села бара половина милион евра оштета од обвинетите за негов обид за убиство на крвавиот четврток

Скопје/Струга, 8. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот градоначалник на Струга и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села бара речиси половина милион евра за материјална и нематеријална оштета од обвинетите, кои на крвавиот четврток во Собранието, на 27-ми април се обидоа да го убијат.

Ова на денешното судско рочиште го изјави правниот застапник на Села. Тој бара материјална оштета за лекувањето, додека нематријалната е за претрпената лична болка и претрпен страв.

Се очекува лидерот на Алијансата за Албанците подоцна да стигне на судското рочиште. Во овој случај обвинети се десетина лица. (Крај)

извор: Фокус фото: архива