kovani pari 100 den

Народна банка пушти во оптек ковани пари од 100 денари за колекционерски цели

Скопје, 9. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Народната банка на Република Македонија извести дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Риби“ и „Овен“ од серијата „Хороскопски знаци“.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм. Цената на кованaтa парa „Риби“ и на кованата пара „Овен“ изнесува 2.800 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива