Избор Свет

Турција меѓу топ 10 земји по резерви на злато во светот

Истанбул, 9. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Според податоци на Светскиот совет за злато, златните резерви на Турција сега се 564,80 тони.

Според тој показател, Турција е меѓу првите 10 држави во светот со најголеми резерви од злато и ја „истурка“  Индија од 10-то место, јави БТА.

Според Советот, прва по златни резерви држави е САД – 8.133 тони, втора е Германија и на трето место Италија.

Турски аналитичари нагласуваат дека златото што го поседува државата формира 18,3 отсто од валутните резерви на Турција.

Во 2017 година државата двапати ги зголемила златните резерви – 30,1 тон и 33,9 тони. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука