evra1

Кривична за Грузиец кој во Струга разменувал фалсификувани евра

Струга, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 69-годишниот А.Р. од Грузија, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“.

– Пријавениот, казнените дела ги сторил на 7-ми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од 60.000 евра. При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил во плик фалсификувани евра (во износ од по 500 евра), а потоа си заминал. Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата, но по извесно време, тој ги проверил парите и притоа утврдил дека се фалсификат, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива