sanacijapatplazi

Продолжува санацијата на патниот правец Охрид-Св. Наум

Охрид, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на летната сезона, деновиве продолжува санацијата на патниот правец Охрид-Св. Наум.

Механизација и градежни работници на ГП „Илинден“ деновиве работат на потегот пред хотелот „Славија“.

Станува збор за дел од овој исклучително фреквентен патен правец на кој со текот на времето се појавија сериозни оштетувања на коловозот. Со неговата делумна санација се очекува сообраќајот да се одвива многу полесно, особено во текот на летните месеци, која и фреквенцијата на сообраќај во овој дел од градот е најголема. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес