biznisligafudbal

Започна „Бизнис лигата“ во мал фудбал

Охрид, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со натпреварите од првото коло започна реализацијата на „Бизнис лигата“ во мал фудбал 2018 година, проект на ЈП „Билјанини извори“ наменет за сите компании и нивните вработени.

– Спортското фудбалско дружење претставува Тим билдинг за вработените и компаниите така што ние искрено се надеваме дека кај сите тимови кои од денес се дел од Бизнис лигата во мал фудбал заедно со нас како организатори со нашето заедничко дружење и рекреирање ќе успееме да ја подобриме комуникацијата, мотивацијата, продуктивноста и желбата за работа а со тоа и вкупната клима во самите правни субјекти кои ги претставуваат. На Бизнис лигата во мал фудбал 2018 пријавени се 12 тимови/компании кои се поделени во две групи од по 6 екипи, информираат од ЈП “Билјанини извори“ од каде додаваат дека претпријатието им овозможува ексклузивно право за време на лигата да постават свој рекламен материјал (банер), додека за најдобрите три екипи на „Бизнис лигата“ организаторот освен пехари и медаљи за учесниците ќе додели и бесплатни термини во Спортската сала „Билјанини Извори“ и дополнително бесплатно рекламирање во салата за компаниите што ги претставуваат.

Групи:

Група А: Инекс, Проаква, Скопско, Пазар, АСП Пак, Метропол
Група Б: Комуналец, Костал, Еко Шпар, Нискоградба, ЛТХ Леарница, Општина Охрид

Двојки 1. коло:

Сабота:
13:00 часот: Инекс – Метропол
14:00 часот: Проаква – АСП Пак
15:00 часот: Скопско – Пазар

Недела:
13:00 часот: Костал – ЛТХ Леарница
14:00 часот: Комуналец – Општина Охрид
15:00 часот: Еко Шпар – Нискоградба

извор: ОхридПрес фото: архива