realmadrid

Хет – трик на Роналдо и победа на „кралевите“ над Сосиедад

Мадрид, 11. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Трката за титулата во Примера е веќе загубена, но Реал Мадрид сепак одигра извонреден меч против Реал Сосиедад, триумфирајќи со убедливи 5-2 за успешна увертира во пресрет на осминафиналните мегапресметки со ПСЖ.

Победата беше најавена веќе во првата минута, откако Васкез по само 50 секунди игра ја затресе мрежата на гостите на асистенција на Кристијано Роналдо. Португалецот блескаше до крајот на полувремето со уште два постигнати погодоци, а еднаш меѓу стрелците се запиша и Тони Крос.

real madrid

Конечните 5-2 ги постави поранешниот играч на Реал Мадрид, Илјараменди. Точка на мечот можеше да стави Карим Бензема, но Французинот уште еднаш покажа дека се наоѓа во очајна форма, во 92- та минута шутирајќи од идеална позиција од пет метри над противничкиот гол. (Крај)

извор: Екипа фото: realmadrid