kosarkaopsto

АВ Охрид на продолжение го совлада Пелистер

Охрид, 11. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на АВ Охрид, во рамките на 16- то коло од првата кошаркарска лига, по дополнителните пет минути го совладаа Пелистер со 87-77, откако натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 73-73 (22-21, 17-18, 17-20, 17-14).

Првото полувреме беше изедначено, двете екипи се минуваа во водство, за да по крајот на првите 20 минути  на семафорот стоеше егал резултат (39-39). Во продолжение битолчани носени од Роберт Луис ја презедоа предноста и истата ја одржуваа до три секунди пред крајот, кога Хенри погоди тројка за охриѓани и го внесе натпреварот во продолжение.

Во дополнителните пет минути кошаркарите на Охрид ја искористија психолошката предност и на крајот славеа победа од 87-77. Во тимот на Охрид имаше дури пет двоцифрени кошаркари, а најефикасни беа Зимиќ и Кенет со по 15 поени. Кај Пелистер, Роберт Луис постигна со 32 поени, но недоволни за позитивен резултат. (Крај)

извор: gol.mk фото: архива