black_vice_ohrid_640x360

Вечерва концерт на „The Black & Vice Social Club” во Охрид

Охрид, 11. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“ концерт ќе одржи алтернативниот рок бенд од Скопје, The Black & Vice Social Club.

Инспириран од лични искуства, надворешни околности и случајни појави, бендот дава моќни и сурови перформанси на интензивни рок-песни со значајни текстови.

Основан во 2013 година и активен во сегашната постава од есента 2014 година, бендот објави еден студиски албум под името „Until the road is a dead end” во декември 2015 година, проследен со кратка промо турнеја низ Балканот, како и како бројни концерти во Скопје и повеќе градови низ Македонија. Албумот беше номиниран за најдобар албум за 2016 година на Македонските алтернативнни награди.

Во бендот членуваат: Ади Имери, вокал, гитара, Благоја Антовски – тапани, Горјан Стојменовски – гитара, Стефан Стојчев – бас гитара, бек вокал и Симон Пеоски – гитара, бек вокал.

Концертот ќе се одржи на алтернативната сцена во Центарот за култура со почеток во 21:00 часот, а билетот чини 150 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива