ldpohrid2

М-р Горан Симоноски избран за нов претседател на ЛДП Охрид

Охрид, 12. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – М-р Горан Симоноски е избран за нов претседател на охридскиот огранок на Либералдемократската партија (ЛДП) од Охрид.

– Изборот на Симоноски, кој ќе биде на чело на огранокот следните 4 години беше потврден на редовното изборно собрание на општинската организација на кое беа присутни 70 делегати. Исто така беше избран и новиот Oпштински одбор кој брои 21 член како и надзорен одбор од 3 члена, информираат од партијата.

ldpohrid1Изборот на ново раководство на ЛДП Охрид дојде откако досегашниот претседател Дејан Блажески неодамна поднесе оставка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива