pozarnaohrid5

Пожар во Охрид, настрада постара жена

Охрид, 12. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Постара жена настрада утрово кога изби пожар во нејзиниот стан на булеварoт „Туристичка“ во Охрид.

– Пожарот бил пријавен утрово во 07:00 часот. Охридските пожарникари веднаш реагирале и стигнале на лице место, каде навремено го изгаснале огнот и спречиле да ги зафати соседните станови.

Неофицијално, жената живеела сама во стан наспроти поранешниот „Мини Маркет“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива