pozarnikari5

МВР: Во пожарот утрово во Охрид почина 70-годишната М.Д.

Охрид, 12. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, околу 07:15 часот во стан на Бул. „Туристичка“ во Охрид, во сопственост на 70-годишната М.Д., од до овој момент непознати причини, избувнал пожар.

– Во пожарот починала М.Д., која живеела сама и била неподвижна. Смрт констатирала екипа од итна медицинска помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива