policijaprotest

Кандидатите за полицајци во Охрид ќе полагаат практичен испит

Охрид, 12. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 12-ти до 15-ти февруари годинава, во сите Сектори на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ќе се спроведува практичен испит од областа на сообраќајот – контрола на возила и возачи за 610 кандидати од oсновна обука за полицаец 2017/18 година.

Испитот во Охрид ќе се спроведе во централното градско подрачје во вторник, на 13-ти февруари.

Од СВР Охрид апелираат до граѓаните да покажат разбирање и соработка со цел успешно да се спроведе практичниот испит. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива