zoi-1200x5451

Силен ветер го одложи женскиот велеслалом

Пјонгчанг, 12. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) -Велеслалом кај жените на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг што требаше да се вози ноќеска е одложен поради силен ветар.

Првиот старт беше закажан во 2 часот и 15 минути по македонско време, но условите не дозволуваа нормалното одржување на трката.

Ако дозволат временските услови велеслаломот ќе се вози на 15-ти февруари.

Ова е второ натпреварување од алпско скијање што е одложено поради неповолни временски услови. Претходно истото се случи и со машкиот спуст.

Новиот термин за најбрзата алпска дисциплина кај мажите исто така е четврток (15-ти февруари), па поради тоа и машкиот супервелеслалом е поместен за еден ден и тој епјо предвиден за 16- ти февруари. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива