voda

Две охридски улици без вода до 13:00 часот

Охрид, 12. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради два одделни дефекти на водоводната мрежа жителите од улиците „Спас Банџов“ и „Прилепска“ се без вода за пиење.

Според информациите од МЈП Проаква, Р.Е Водовод Охрид прекинот во водоснабдувањето ќе биде до 13:00 часот. Нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива