turistiohrid

Република Македонија во 2017 година ја посетиле 998.841 туристи

Скопје, 12. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија во текот на 2017 година ја посетиле вкупно 998.841 туристи, од кои 368.247 домашни и 630.594 странски, а биле остварени вкупно 2.775.152 ноќевања, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во декември лани изнесувал 51.599, а бројот на ноќевањата изнесува 103.721. Споредено со истиот месец од 2016 година, бројот на туристи е зголемен за 22.6%, а бројот на ноќевањата за 28%.

Бројот на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 19.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 29.3%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 27.0%.

Во периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 16.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3%, а кај странските има зголемување за 23.5%.

За периодот јануари – декември 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е
зголемен за 12.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2%, а кај странските има зголемување за 22.8%. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива