На Стража тешко проодно со остатоци од снег на патот
Охрид, 13. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На планинскиот превој Стража сообраќајот е тешко прооден, со остатоци од снег на коловозот.
Според податоците кои ги добивме, на патниот правец Охрид – Скопје, до Кичево коловозот е влажен, но чист, а понатаму има остатоци од снег.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има кај Македонски Брод, Сарамзалино и Демир Капија. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |