Zdruzenie Muzicari 1

Музичарите се здружија во „Охридски музички еснаф“

Охрид, 13. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Музичарите од Охрид и Струга формираа ново здружение „Охридски музички еснаф“.

На основачкото собрание присуствувале 76 музичари, а за прв претседател е избран Игор Бежаноски, кој истакна дека здружението активно ќе партиципира во креирањето на културните збиднувања во Охрид и Струга.

Zdruzenie Muzicari 3

Zdruzenie Muzicari 4

– Ќе делуваме во насока на заштита и промоција на охридската староградска музика, вели Бежаноски.

Членовите формираа извршен одбор од 30 членови, го изгласаа Статутот на здружението и програмата за работа за оваа година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: fb/Misko S.