kupnamakedonijakosarka

АВ Охрид против Блокотехна во четвртфиналето на Купот на Македонија

Охрид, 14. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридските кошаркари втора година по ред ќе бидат дел од завршницата во Купот на Македонија.

Натпреварите ќе се играат во петок и сабота и овојпат во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

Противник на АВ Охрид во 1/4 финалето е екипата на Блокотехна. Натпреварот ќе се одигра во петок, 16-ти февруари во 15:30 часот.

Финалниот турнир од Купот на Република Македонија отсекогаш бил синоним за празник на кошарката. Осум екипи во машка односно четири екипи во женска сениорска конкуренција ќе се натпреваруваат за престижниот трофеј. Во останатите мечеви, во петок ќе се сретнат Работнички и Карпош Соколи, МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри и
Куманово и Гостивар.

Во женска конкуренција дуелите се во сабота. Ќе се сретнат минатогодишниот освојувач на Купот Вардар со Пелистер додека Бадел 1862 ќе се надигрува со Струга 2009. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива