Избор Охрид Хроника

Потпретседател на црковен одбор од Врбјани ги присвоил парите од донации

Охрид, 15. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишниот Г.П. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување”.

– Казненото дело го сторил во периодот од мај 2015 година до јуни 2017 година во својство на потпретседател на црковен одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ од селото Врбјани. Пријавениот, парите кои му биле доверени од донации на верници, од сеча на шумски дрвја и по други основи што требало наменски да ги троши за потребите на црквата, противправно ги присвоил и ги ставал на три сопствени жиро сметки, една денарска и две девизни. На 21-ви јули минатата година, кога му престанале обврските како потпретседател, сега пријавениот Г.П. парите кои преостанале како салдо на сметките за кои немал покритие во износ од 1.133.512 денари одбил да ги предаде на Црковниот одбор односно ги затаил за себе, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука