soobrakajka160218

Помала сообраќајка во центарот на градот, нема повредени

Охрид, 16. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Помала сообраќајна незгода се случи утрово во центарот на градот, на пресекот на улиците „Даме Груев“ и „Македонски просветители“.

Според првичните информации, во незгодата нема повредени лица, а е причинета поголема материјална штета.

Учествувале две возила, од кои едното со охридски, а другото со странски регистерски таблички. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес