redbulohrigani

Гласајте за видеото на младите охриѓани да стигне до финалето на предизвикот на Red Bull

Охрид, 16. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Тројца млади охриѓани изработија видео со кое се обидуваат да стигнат до финалето на предизвикот „Can You Make It?“кој го објави компанијата Red Bull, а на кој учествуваат преку 200 студенти од над 60 земји од целиот свет.

Се` што треба да се направи е да се гласа на следниов линк колку што е можно повеќе во текот на следните 5 дена, велат Мартин Јузмески, Илија Трале Левески и Илија Аврамоски, кои стојат зад видеото.

– Со вашите гласови ни помагате да се пласираме во финалето и да го претставиме Охрид и Република Македонија преку најголемиот предизвик на Red Bull секаде низ Европа, велат за Супер радио и OhridPress.

Станува збор за млад тим ентузијасти, полни со живот и љубов кон својот Охрид. Тие го појаснуваат начинот на гласање, преку неколку едноставни чекори.

чекор 1: отвори го линкот
чекор 2: притисни Vote for this team
чекор 3: притисни Log In
чекор 4: притисни Login with Facebook
чекор 5: ги штиклирате двете квадрачина, па притискате Save
чекор 6: по 24 часа можете да ги повторите истите чекори
Младите ентузијасти додаваат дека можете да го посетите и нивниот YouTube канал на кој можете да погледнете и други интересни видеа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива