bolnicaohrid

Кривична за поранешен директор на охридската болница за тендер од 700.000 денари

Охрид, 17. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот Љ.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од октомври 2012 до јуни 2013 година, во својство на директор на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид. Тој, со искористување на својата службена положба и овластување, без утврдена потреба повел иницијатива и дал налог да се спроведе постапка за јавна набавка на медицинска опрема и делови од медицинска опрема-две машини за миење и дезинфекција на инструменти за потребите на ЈЗУ Општа болница – Охрид. Тоа го направил без претходно да има добиено такво барање од некое одделение од болницата за набавка на таква опрема и без целосна и конкретна  спецификација за потреба од набавка на истата, и без да наведе дека тие се несоодветни машини кои немаат практична можност за употреба за ваков вид на здравствена установа. Постапка за јавна набавка била спроведена сметано од 22.11.2012 година, а на 21.12.2012 година, пријавениот, во име на ЈЗУ„Општа болница“Охрид, склучил договор со фирмата „ЕВРО Тим“ ДООЕЛ Скопје со која ја реализирал набавката на спорните машини за миење и дезинфекција во висина од 703.394 денари. Со тоа Љ.А. го оштетитил буџетот на ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид во износ од 703.394 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива