post-640x360

Започнуваат Велигденските пости

Охрид, 19. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По вчерашниот празник Прочка кога помладите бараат прошка од постарите, а сите бараат од Бог да им ги прости гревовите, од денес започнуваат Велигденските пости.

Денеска е Чист Понеделник, а на овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат од мрсната храна.

Велигденскиот или Великиот пост, трае од Прочка до Велигден. Тука се 40 дена (четириесетница), од Чист понеделник до Лазарева сабота и уште Страстната недела од Цветници до Велигден, вкупно 48 дена.

Велигденскиот пост е единствениот што има подготвителен период од неколку недели. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива