pozarkuka

СВР Охрид: Во пожарoт во Песочан синоќа настрада едно лице, се утврдува идентитетот

Охрид, 19. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 18:00 часот, во селото Песочан, Општина Дебрца, од засега непознати причини настанал пожар во куќа во сопственост на лицето Љ.Т.

– При гаснењето на пожарот, од страна на пожарникарите од Противпожарна единица, во куќата било пронајдено починато лице. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива