mobileninstagram

Охриѓанец објавил компромитирачки видеа на 18-годишна охриѓанка на Инстаграм

Охрид, 20. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот К.В. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

– Во перодот од март до октомври 2017 година К.В. направил фотографии и видеа со компромитирачка содржина од 18-годишната А.М.М. од Охрид, ги обработил и на петти декември минатата година ги поставил на социјалната мрежа Инстаграм, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива