majaohrid

Маја од Охрид живее на рајски остров и заработува како светска ѕвезда!

Охрид, 20. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Блогерката Маја Јанеска има навистина инспиративна приказна за тоа како да стигнеш до врвот на успехот.

Родена во Охрид пред 33 години, а со сегашно место на живеење – Занзибар, Маја го живее сонот на многумина. Заработува од својот талент кој решила да го искористи и да им помогне на многу девојки низ светот.

Нејзиниот YouTube канал каде што поставува видеа со мејкап туторијали го следат 1.057.711 лица, а на Instagram ја следат 1.600.000 луѓе.

majatekst

Маја својот канал на YouTube го креирала во 2012 година, за сега да стане најпопуларен канал за шминкање на светот. Таа дури има и своја козметичка линија заедно со „Анастасија Беверли Хилс“ позната по својата работа со Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Опра Винфри.

Милиони девојки низ светот учат од Јанеска како да се шминкаат како Кајли Џенер, Лана Дел Реј или пак Лорди. Охриѓанката е светски позната под името Маја Миа и пополека станува инспирација за секоја девојка која сака убаво да изгледа.

maja1

Маја кариерата ја почнала како манекенка на 16 години кога за првпат се нашминкала и се вљубила во професијата мејкап артист. Вели дека е самоука за шминкање и дека е родена со талент. Додава дека во Танзанија е многу тешко да се купи добра шминка, но таа секогаш се снаоѓа и дека тоа е предизивик за неа. Секој ден му се заблагодарува на Бога поради неочекуваниот успех кој го постигнала. Не ни сонувала дека еден ден ќе има милиони следбеници и дека толку многу девојки ќе учат од неа.

Покрај шминкањето ужива и во фотографирање, особено на убавите пејсажи во Танзанија- Занзибар познат како островот на зачините. Танзанија е инспирација и за нејзината прва палета на сенки за очи кои асоцираат на живописниот Занзибар и сите негови бои.

maja

Доаѓа од фамилија на артисти- нејзините татко и брат се уметници и вели дека се голема поддршка за неа. Омилени модни икони и се Мерлин Монро, Брижит Бардо, Грејс Кели, Клаудија Кардинале и Елизабет Тејлор. Кога има слободно време Маја Миа никогаш не заборава да го посети родниот Охрид.

Погледнете ги нејзиниот YouTube канал и Instagram и уживајте во преубавата галерија:

maja

maja2

maja3

maja4

maja5

maja6

maja9

извор: denesen.mk фото: denesen.mk