posledniotmakedonec

ТВ премиера на „Последниот Македонец – патот до истребување“ на Илија Пиперкоски

Охрид, 4. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Филмот „Последниот Македонец – патот до истребување“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе има својата ТВ премиера вечерва со почеток во 21:15 часот на МТВ.

Зошто Македонија пред Букурешкиот договор и меѓу Балканските војни не најде сојузници? Зошто братоубиството е правило, а не исклучок? Одговорите се токму во новиот филм на Пиперкоски – „Последниот Македонец – патот до истребувањето“ кој раскажува приказна за разединетоста на револуционерната организација и последиците врз односите меѓу населението.

Станува збор за филм за проблемот на Македонија со името, идентитетот, црквата и интеграциите. Тој треба да не потсети, за да не се повтори. Сценариото открива зошто Македонија пред 100 години не станала држава кога соседите добиле независни држави.

Дел од актерската екипа се: Рубенс Муратовски, Сашко Коцев, Славиша Каевски, Петар Горко, Биљана Драгичевиќ – Пројковска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива