policijaprotest

60-годишен охриѓанец пронајден мртов кај реката Сатеска

Охрид, 4. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – На стариот пат Охрид-Струга, во близина на реката Сатеска, вчера околу 10:30 часот било пронајдено тело на непознато, починато машко лице.

– Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид и притоа било констатирано дека се работи за 60-годишниот Д.С. од Охрид, кој на седми минатиот месец беше пријавен за исчезнат од страна на неговата сопруга Н.С. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива