vmroohridlogo

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ партиската книшка и непотизмот се главниот критериум за вработување

Охрид, 4. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Партиската книшка и непотизмот за СДСМ се главниот критериум за вработување. СДСМ дрско лаже и се одмаздува врз секој неистомисленик газејќи врз човечкото достоинство. Само тогаш кога ќе ги врати избрканите сограѓани на работа ќе има живот, дотогаш само беда, реагираат по последниот допис до медиумите на ОО на СДСМ од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски докажаа дека секој кој работи чесно и достоинствено а не е нивен истомисленик ќе биде ставен во функција на одмазда а сите останати под притисок пред се` и над се` во функција на партијата. За да го сфатите образованието и ефектите од образованието треба прво да се потсетите како функционираше образовниот систем пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ и Д-р Никола Бакрачески на власт во Охрид. Ако имате амнезија тогаш погледнете што се случува овие неколку месеци повторно со образованието. ВМРО-ДПМНЕ и раководството секогаш ги штитело правата на вработените и ќе ги штити наспроти политичката одмазда која стана одлика на владеењето на СДСМ. Ја фрливте во вода вашата борба за еднаквоста и солидарноста и го погазивте ветениот збор за еднаквост за сите и непартизираното општество. Образовниот систем е нарушен со нестручни кадри, тоа го чувствуваат и родителите и децата. Поставувањето некомпетентни кадри почнувајќи од раководни функции па до секое работно место го закочија развојот на училиштата во градот. Единствено што се гледа е борбата за тендер политиката и матни бизниси и поворно на виделина задолжување на образовните институции, реагираат од партијата.

Додаваат дека СДСМ не изгради ниту една градинка и упте има лице да се појавува пред охриѓани.

– Сведоци сме на злоупотребата на малолетни дечиња во бројни наврати како во училиштата така  и во градинките каде што мораат да стојат мирно давајќи аплауз и потоа да го гушкаат актулениот градоначалник Стојаноски. Мизерно и крајно популистички. На ароганцијата и политичкото самоволие на СДСМ и Јован Стојаноски ќе им дојде крај и никој нема да биде над законите. Со преземањето на Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, обесправените и оштетени просветни работници кoи се жртви на овој режим предводен од Хунтата ќе бидат вратени на работа исполнувајќи го нивното законско право, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива