kradec_640x360

Крадец „ќарил“ предмети во вредност од 185.000 денари од куќа во Струга

Струга, 5. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М.(34) од Струга.

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 8-ми до 12-ти февруари, во куќа лоцирана  на улицата „Ристо Крле“ во Струга. Тој со тврд предмет го скршил прозорецот од приземјето на куќата, влегол во внатрешноста и извршил пребарување низ собите. Притоа, во спалната соба пронашол и одзел поголемо количество златни комплети и разновиден златен накит, швајц апарат, косалица на струја и два мобилни телефони.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот Н.М. причинил материјална штета и се стекнал со противправна имотна корист од  185.000 денари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива