policijaopsta

Жител на Делогожда нападнат во Скопје

Струга, 6. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во 22:00 часот У.Б.(56) од село Делогожда, струшко  пријавил дека околу 17:00 часот во Скопје на булевар „Крсте Мисирков“ додека бил застанат со неговото патничко моторно возило „Пасат“ во кое што биле тројца негови роднини, им се приближиле неколку лица, при што физички го нападнале У.Б. и истиот се здобил со скршеница на левата рака и носот.

Според пријавата, напаѓачите го нападнале и неговиот брат и син, по што истите се дале во бегство. Оштетените се упатиле во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде им е укажана лекарска помош. Причина за настанот, според пријавата е претходна расправија.  Имено, околу 14:00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза” Скопје, У.Б. имал сообраќајна незгода со братот на еден од напаѓачите,. Се работи на целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива