vladasednica

Прекината постапката за измена на Планот за управување на Националниот парк Галичица

Скопје, 7. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија на последната седница одлучи да ја прекине постапката за измена на Планот за управување на Националниот парк Галичица, согласно препораките на УНЕСКО.

– Тоа значи дека овој Национален парк и натаму останува заштитено светско наследство на листата на УНЕСКО, како дел од поширокиот Охридски регион, информираат од Владата.

Овој план периодов наназад предизвика бурни реакции во јавноста поради заканата за целосна девастација на просторот, неповратно уништување на вредностите во паркот, нарушување на целокупниот еко систем на планината и езерото и ставање под знак прашање на заштитата од УНЕСКО. Беа организирани и повеќе дебати на кои екологистите и експертите јавно и гласно го кренаа гласот за штетноста на овој проект. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива