doktor

Филипче: Ќе се воведе приоритетен упат со точна дијагноза по област

Скопје, 7. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Приоритетните упати создаваа голем хаос и заради тоа веќе е направена промена која наскоро ќе се имплементира, а таа се однесува на тоа дека повеќе нема да има општ приоритетен упат, туку ќе има приоритетен упат со точни дијагнози по области, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката за детски болести.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека точно ќе се знае за каква дијагноза станува збор во соодветна област што навистина е итна, ќе се добие тој упат и тој пациент ќе мора да биде прегледан во рок од 24 часа таму каде што е упатен. (Крај)

извор: Сител фото: архива