Спорт

„Фудбал во училиштата“ – нов проект на ФФМ

Скопје, 7. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската федерација на Македонија стартува голем проект поврзан со фудбалот во училиштата.

Проектот на ФФМ беше претставен на денешната конференција на која зборуваше претседателот на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски и претседателот на федерацијата на училишен спорт, Александар Туфекџиоски.

– Стартуваме голем и навистина важен проект. Во соработка со федерацијата за училишен спорт ќе реализираме прокет „Фудбал во училиштата“, дел од овој проект ќе бидат момчиња и девојчиња на возраст од второ до петто оделение. Како ќе напредува проектот очекуваме зголемен број на ученици, во првата фаза околу 5.000, па 10.000, а во третата фаза и до 15.000 ученици. Овој проект ќе опфати 120 училишта во нашата земја. Целта е да го доближиме фудбалот до младите, изјави Ѓорѓиоски.

Очекувањата се овој проект на ФФМ да привлече голем интерес помеѓу најмладите. (Крај)

извор: sportski.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука