bibliotekanoviknigi

Ново збогатување на книжниот фонд во Библиотеката „Григор Прличев“

Охрид, 7. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полиците во НУ Библиотека “Григор Прличев“ повторно се збогатени со уште неколку наслови.

Вљубениците во пишаниот збор ќе може да изнајмат некои од насловите: „Седмиот печат” од Сунчица Уневска, „Умирање на љубовта” од Либеро Биџиарети, „Писма до непознатата” од Антоан Де Сент-Егзипери, „Создавање државност” од Никола Кљусев, „Ала Турка – Ала Франга” од Елена Максимовска, „Пеон” од  Благој Стојанов, „Богатство” од Даниел Петровски, „Првата Република” од Елизабета Митреска, „Траги во звукот” од Марко Коловски, „Бегалците од законот и екстрадицијата” од Сашо М. Стојановски, „Синтагма” од Матиј Властар и „Скопски легенди” од Данило Коцевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива